речник контакт

2,5 години ја силувал ќерка си

Велешанец обвинет за родосквернавење

Петар Печков

Велешанецот Ј.К. ( 47 год) две и пол  години имал сексуален однос со неговата 24 годишна  ќерка за што заработи кривична пријава  за родосквернавење а истражен судија му одреди и мерка притвор. Таткото  овој чин го правел 30 месеци по ред, а за тоа време неговата ќерка морала да молчи бидејќи била уценувана дека ќе ја убие ако јавно прозбори. Случајот пред два дена во полиција го пријавила ќерката, откако не можела повеќе да ја издржи тортурата.

Осомничениот Ј.К. заедно со кривичната пријава е изведен пред истражен судија од Основен суд Велес кој му одредил мерка притвор во траење од 30 дена и истиот веднаш бил  префрлен во Истражен затвор Скопје. Според неговиот бранител во текот на испрашувањето  осомничениот се бранел дека не се сеќава дека сторил вакво нешто и се тоа се измислици на ќерка му.

Бранителот  на осомничениот вели дека и оштетената давала конфузни одговори пред истражниот судија  кои не се совпаѓаат со тие од пријавата. За него е несфатливо ако тоа дело се случувало  две и пол години, зошто  ќерката   толку време  молчела. Таа живееле во близина на татка си. Мажена е и има дете. Пријавениот Ј.К.  претходно е пријавуван за кривично дело „силување“ за кое одлежал пет години затвор и кривично дело „кражба“  за кое исто така има лежено в затвор.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »