речник контакт

20 години јога друштво Велес

Низ сите нив луѓето не само што ја запознаваа јогата, се запознаваа и меѓусебно. Доаѓаа и ја откриваа духовноста иако живееме во материјален свет

Петар Печков

Одбележани се две децении од Јога друштвото Велес. Во Ликовниот салон се одржа свеченост за  овој јубилеј. Се пресече и роденденска торта.

Сите овие години имавме доста настани со кои оставивме трага во живеењето во градот. Имавме курсеви за бремени жени, за деца, за релаксација. Низ сите нив луѓето не само што ја запознаваа јогата, се запознаваа и меѓусебно. Доаѓаат и ја откриваат духовноста иако живееме во материјален свет.  На првите  предавања имаше малку посетители, некои од љубопитност, други доаѓаа а не знаеја што е тоа, за некои и денес е така. Но дури и еден да дојде можеби тој е вистинскиот. Многу доаѓаат затоа што знаат дека ќе научат нешто што досега не слушнале – рече Анастасија Терзиева Илиева.

На оваа свеченост имаше и предавање  на  учителот по јога Павлос К. Хасанагас. На вечерта имаше  презентација на фотографии на велешкиот фотограф Дејан Ристовски од неговото патување во Непал.



Јога-друштво – Велес е член на Јога-сојузот на Македонија под чија координација работи. Во Друштвото се предава интегрална јога според системот на учителот Павлос К. Хасанагас. Низ 20-те години континуирана активност, Јога-друштво Велес ја промовираше културата и знаењето за јога не само како древна и далечна дисциплина корисна за здравјето на човекот, туку и како интегрален дел на секојдневното живеење и во спрега со него. Како комплексен систем на практични и филозофски сознанија со докажани импликации врз психофизичкото здравје на луѓето и нивната целокупна активност. 

До сега има организирано голем број на едукативни курсеви, јавни предавања и предавања од општ и специјализиран карактер, семинари на републичко ниво, како и други културни манифестации од значење за јавниот живот на градот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »