речник контакт

20 мај ден на пожарникарите

Лани тие интервенирале во без малку 300 случаи на гаснење на оган во велешко

Петар Печков

 Градоначалникот на Велес, Горан Петров во името на сите граѓани им се заблагодари на пожарникарите за се што прават за безбедност и сигурност на сите нас, при тоа рескирајќи ги сопствените животи. Противпожарната единица на општина Велес лани имала 298 интервенции.

За илустрација пожарот во Дворови од пред некој ден, кога се закануваше на целата населба, пожарникарите го гаснеа 24 часа при што се потрошија 160 тони вода. Очекуваат дека во наредниот период ќе биде решен проблемот со недостаток на пожарникари во единицата, која ги покрива и општините Градско и Чашка. 

20 мај е ден на пожарникарството во Република Македонија, оти  на овој ден во 1836 година во Битола е формиран првиот противпожарен одред.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »