речник контакт

200 велешани тргнаа на работа во Дрекслер маер во Кавадарци

Од Велес сопствениците до април планираат да ангажираат 800 невработени лица. Досега 1.100 лица аплицирале за работа во оваа фабрика

Петар Печков

Сто лица претходните денови, 50 денес и 50 утре се работно ангажирани во фабриката  на    Дрекслер маер во Кавадарци. Кај невработените велешани постои голем интерес за вработување во Кавадарци, каде примањата се 8.500 денари  месечно  плус обезбеден  платен превоз од Велес до  работа  и назад.

Работодавецот нe  бара некои посебни услови за вработување. За нив се важни два, дали има чувство за рачна работа и дали  препознава бои. Останатото се` се учи, се` се осознава преку работата. Според работниот план до април тие ќе вработат околу 800 лица од Велес – изјави директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски кој беше во посета на Подрачната единица  во Велес.

По огласот за вработување во Дрекслер маер досега се пријавиле 1.100 невработени велешани, на  разговор биле повикани 500 а од нив 200 и вработени. И покрај  реакциите  за минималната плата која се исплатува,  кај невработените велешани постои голем интерес за работно ангажирање во Дрекслер маер во Кавадарци

Бројката на невработени кои активно бараат работа во Велес изнесува  3.300 лица на крајот од минатата година .

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »