речник контакт

2011 Година на филмски продолжетоци

Холивуд одлучи во 2011 да игра на карта на проверени филмски франшизи за да ја зголеми гледаноста и заработката на кино благајните, па така годината што е пред нас се најавува како година на филмски продолжетоци.

Петар Печков

Одлуката да не се влегува во ризик со сосема нови проекти е последица и од разочарувањето што го направија неколку филмови со звучни актерски имиња како што се „Турист“ со Џони Деп и Анџелина Џоли и „Како знаеш“ со Рис Витерспун, Овен Вилсон и Џек Николсон.

Тука е и фактот што меѓу десет остварувања со најголема заработка во 2010 во САД се најдоа неколку римејкови - „Приказна за играчките“, „Шрек“,„Iron Man“ и „Самрак“.

Познато е дека во јули следната година во кино салите ќе пристигне вториот дел на седмото и последно продолжение на авантурите на популарниот волшебник „Хари Потер и Реликвиите на смртта“. Првиот дел од конечната пресметка имеѓу Потер и Волдемор до сега само во САД заработи повеќе од 220 милиони долари.

Следната година не очекува и четвртото продолжение на Сагата за вампирите „Самрак - предзора“ кој фановите ќе можат да го видат во ноември 2011 година.

Има и неколку римејкови од студиото на Дизни меѓу кои и продолжението на мега хитот „Пирати од Карибите“ кој пристигнува на почетокот од летото. Авантурите на пиратот Џек Спароу досега заработија 2,7 милијарди долари, па продуцентите со право очекуваат дека и овој дел ќе го продолжи успехот на претходните.

Најмладите, особено момчињата следното лето ќе ги израдува анимираниот филм „Cars 2“ продолжение на цртаниот филм  од 2006 година кој е работен во стилот на серијалот за Џејмс Бонд.

Мирамакс најавува продолжение на неколку успешни остварувања како што се „Вљубениот Шекспир“ и комедијата „Лошиот Дедо Мраз“.

Во план е и снимање продолженија на филмовите „Од самрак до зора“, „Ужас во Амитвил“, „Дневникот на Бриџит Џонс“, „Врисок“ и „Децата шпиони“.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »