речник контакт

2012 Година на Змејот

По лунарниот календар, стигна је 4.710. година. Подарува среќа и успех, го чува семејството и добрите луѓе. Поволна за основање на семејство, за раѓање на паметни и здрави деца. Во овој период треба да бидеме смели и никако скромни

Петар Печков

2012 година е посебна кармичка година која ќе биде под покровителство на Црниот воден Змеј и во нашите животи ќе донесе возбудувања, голем напредок и падови, а само ако му погодуваме на владетелот Змеј на вистински начин, ќе успееме да ги собереме најубавите плодови кои некогаш сме можеле да ги замислиме. Годината на Црниот Змеј почнува на 23 јануари 2012, а завршува на 9 февруари 2013 година, а истовремено завршува долгогодишниот период на Лавот и настапува ера на Девицата.

Годината на Црниот Змеј ќе ја одбележат многу големи дела, смели и иновативни идеи, големи проекти, чии учесници ќе бидат луѓе со преголем ентузијазам. Успех во оваа година посебно можат да очекуваат луѓе кои се бават со финансии, а ова ќе биде поволен период за почнување на нови проекти и на деловен и на личен план. На сите добродушни луѓе кои водат чесен живот, а исто така и на тие кои се издвојуваат со нивниот талент, Змејот ќе им подари среќа и успех. Годината на Змејот е поволна за основање на семејство, за раѓање на паметни и здрави деца. Во овој период треба да бидеме смели и никако скромни.


Што да се подари за 2012 година?

Новогодишните подароци на кои ќе биде прикажан Змеј ќе бидат многу популарни, а тие можат да бидат на шољи, фигурички, маички, пенкала, магнети за фрижидер, привезоци за клучеви, гердани... Можете да направите привремена тетоважа со кна со лик на Змеј. Источните верувања велат дека ако подарите подарок на кој има Змеј, тоа значи дека среќа и успех ќе ви влезат во домот и Змејот во текот на годината ќе ја чува куќата од неприлики и несреќи. Ако саката да ја искористите енергијата на Змејот, за добро во домот (на прво место за доброто на главата на семејството) или во канцеларијата, поставете соодветни слики, паноа или големи фигури на Змеј.

Ако имате желба постојано да се „прехранувате“ со силата на Змејот, најдобро е да изберете нешто што можете да го носите со себе: црвен паричник со слика на Змеј или приврзок, бразлетна со бисери украсени со Змеј... Змејот носи во себе изразена енергија во деловниот успех, стремеж за постигнување на целта, борба и победа, храброст, мудрост и далекусежност. Змејот ќе биде пожелен и во кабинетите на бизнисмените и државните лидери, раководители на големи корпорации и сопственици на мали приватни фирми. Како доказ каква моќ, сила, власт, победа и мудрост донесувал симболот на Змејот, говорат прочуените царски семејства и министри кои носеле кимоно со симбол на Змеј. Согласно на тоа, прикладен подарок може да биде и кимоно со извезен Змеј.

На децата треба да им се подари играчка Змеј, а покрај играчките и маички, џемпери, капи, шољи или пак есцег, со испечатен лик на весело и добродушно змејче. Идеален подарок за жените во 2012 година може да биде златен приврзок или прстен со Змеј. Исто така, убав подарок можат да бидат бисери, камен кој Водениот змеј многу го сака и кој во себе ги обединува водениот и земскиот елемент. На мажите можете да им подарите фигуричка со Змеј или паричник со лого на Змеј. Важно предупредување: бидејќи Змејот е многу импулсивен и љубоморен, не се препорачува да го провоцираме со подароци како што се ладно и огнено оружје или било кој вид на ножеви.

Подароците кои на било кој начин се поврзани со морски или речни мотиви, ќе имаат моќ да донесат успех на неговиот сопственик. Новата 2012 година е вистинска прилика да подарите или за себе да купите аквариум, посебно ако вашето семејство веќе имало во план да купи рипчиња, желка или гуштер.

Важно предупредување: при купување на подарокот треба многу да се внимава и не купувајте диносаурус наместо Змеј. Тоа е негативен симбол и нема ништо заедничко со паметниот, мудриот и богатиот Змеј. Не треба да се заборави дека диносаурусите сепак се изумрен вид, а слична енергија ќе внесат и дома, што не е најдобро решение.

Змејот во азиската митологија е покровител на носители на таинствени мудрости и знаења. Тој ја симболизира неисцрпната животна сила на водата и затоа подарок со симбол на Змеј ќе биде одличен подарок за лица кои се занимаваат со медицина, наука или езотерија. Покровителот за 2012 година исто така е благонаклонет кон семејните и романтични односи.

Тој сака се што симболизира вечен оган на љубов во срцата на вљубените. Змејот одобрува само силни врски и многу е нестрплив кон површните.

И на крај, запамтете дека Змејот кој е кармичко животно ја враќа позитивната енергија која сте ја подариле на луѓето.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »