речник контакт

2016 година ќе биде подолга за една секунда

Преминот помеѓу двете години, ноќва ќе има една секунда плус

Петар Печков

Една дополнителна, престапна секунда ќе ѝ се додаде на престапната  2016-та година и тоа вечерва,  на самиот крај од новогодишната ноќ.

Така оваа година ќе биде за една секунда подолга од вообичаеното времетраење на една календарска година. Ова го соопшти Меѓународната служба за Земјината ротација и референтни системи, која е задолжена за глобалниот часовник.

За да се зачува времето на атомските часовници во согласност со ротацијата на Земјата, една дополнителна, престапна секунда се додава најмалку еднаш на секои десет години.

Така, наместо во 23:59:59 часот, 2016-та година ќе заврши во 23:59:60 часот. Претходно, ова се случи и на 30-ти јуни 2015 година, кога последната минута од месецот јуни траеше 61 секунда.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »