речник контакт

21 затворен дуќан во Велес, во нова акција на УЈП

Изречена им е глоба од 3,250 евра и неработење од две седмици до еден месец

Петар Печков

Во вторникот во попладневните часови во Велес имаше нова акција на финансова инспекција на УЈП.  Контролите биле  за фискализцијата. Извршени се 21 проверка и кај сите нив е констатирана неправилност, објаснуваат  за ТРМР од Министерството за финансии Управа за јавни приходи. Изречени се парични казни и затворени продавниците

Управата за јавни приходи изврши контроли во делот на фискализацијата во Велес. Во сите контролирани објекти, вкупно 21, даночниците открија неправилности во финансиското работење, односно не издавање на фискални сметки, прикривање и не прикажување на реалниот готовински промет, неправилно водење на финансиската документација. Поради тоа на сите даночни обврзници изречена им е глоба која достигнува до 3250 евра и времена мерка за забрана за вршење на дејност со затворање на деловните простории во траење од 15 или 30 дена, во зависност од прекршокот – изјавија од УЈП за ТРМР.

Пред две седмици, на  почетокот од учебната година  во друга акција во Велес беа затворени пет продавници за ученички прибор, четири книжарници и една продавница за ученички чанти.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »