речник контакт

21 март Денот на пролетта и екологијата

Со велосипедска трака, со засадување садници, со летала во воздухот најмладите велешани покажаа дека сакаат здрава животна средина

Петар Печков

Младите и децата од Велес  21 март Денот на пролетта и екологијата го одбележаа со велосипедски крос и засадување на садници во дворовите на детските градинки. Ведрите детски лица со пароли со кои бараат здрава иднина ги освои минувачите кои им аплаудираа на нивната  борба за животната средина

Велес е вистинското место од каде треба да се испрати еколошката порака на Денот на  пролетта а ние единствено нешто што бараме е здрава и чиста животна средина за овој град и за наредните поколенија. Тие се нашата иднина и затоа нив ги вклучивме масовно во одбележувањето на овој ден –изјави Ненад Коциќ претседател на ЕД Вила Зора.

На велосипедскиот крос ,,Околу Велес,, на кој учествуваа 100-тина учесници од основите училишта од градот и се засадија 60-тина зимзелени дрва на површините од дворовите на шесте клона на детската градинка ,,Димче Мирчев,,.  Од ОУ Св. Кирил и Методиј во небото полетаа десетина змејови, изработени од децата од ова училиште. И локалните политичари им дадоа поддршка на младите велешанчиња.

Овој ден е ден на младоста и потребата од здрава еколошка средина.   Големото присуство на децата и младите  радува, бидејќи тоа значи дека од мали нозе тие го прифатиле овој начин на размислување и живеење. Се надевам дека тие ќе имаат своја еколошка свест која ќе биде повисока од нашата. Не можам да премолчам на овој ден да не кажам дека испраќаме и силно НЕ за рестарт на Топилницата бидејќи нејзината работа е тесно поврзана со здравата животна средина – рече Петре Саздов заменик градоначалник и советник во општина Велес. 

Манифестацијата беше организирана од ЕД Вила Зора, Велосипедскиот клуб МВК Велес и локалната власт.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »