речник контакт

210 години од раѓањето на Андреја Дамјанов (фото)

Со повеќе од 40 цркви тој е меѓу најплодните но и најпознати градители на територијата на Балканот

Петар Печков

Денес на Петровден се одбележува 210 годишни на раѓањето на големиот Балкански градител на сакрални објекти, АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ. Неговите дела освен во Македонија, ги има во Србија и Босна и Херцеговина.

Со повеќе од 40 цркви тој е меѓу најплодните но и најпознати градители на територијата на Балканот . Дамјанов е најпознатиот мајстор на градежништвото во Македонија во 19 век, за што е одликуван и од турскиот султан.

Гробот на Дамјанов  на Св. Пантелејмон е мал, камен, необележан. Тако големиот мајстор на градбата сакал да остане безимен, оти неговиот завет бил „мајсторот по делата се познава“ на  неговиот гроб нема никаков знак и име. 

Годинава се одбележуваат 210 години од раѓањето  во 1813 година во велешкото село Папрадиште, каде се доселило  мијачкото семејство Дамјанови кое води потекло од Рензовци. Точниот датум на раѓањето не е познат, ниту денот на смртта, но затоа е познато делото кое зад себе го остави Дамјанов.

Андреја Дамјанов се смета за ненадминлив градител на сакралани објекти на Балканот. Освен што е мајстор за градење на цркви, тој се бавел и со зографство. Така во иконостасот на црквата Св. Пантелејмон  во Велес е сочувана иконата со потпис на Андреја од 1848 година а на неа е насликан Св. Тома. 

Освен храмови тој градел и други објекти. Така додека во Сараево ја градел црквата Св. Тројца, изградил и голема касарна. За турскиот аскер и ја поправил Саат кулата во градот. За касарната изработил макета од дрво, која  лично отпатувал во Цариград кај султанот. За ова воодушевен  турскиот владетел го одликувал Дамјанов со орден  и му дал право да носи сабја.

„На Дамјанов не сме му  го дале  вистинското место, колку тој значи за Македонија.  Тој создал огромно национално богатство, кое и по толку време на неодржување опстојуваат и се белег на  нашето постоење“– вели Стана Амбаркова архитект од Велес.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »