речник контакт

21-ви Светски извиднички собир, Лондон 2007

Македонските извидници на светскиот фестивал во Лондон, меѓу нив и велешани кои се сретнаа со принцот Вилијам и војводата од Кент.

Петар Печков

Оваа година е навистина посебна за сите извидници во светот, затоа што токму овие денови се прославиja  100 години од постоењето на извидничкото движење. По тој повод се одржа најголемиот светски извиднички собир познат како World Scout Jamboree кое се организираше по 21 пат и тоа во Англија која е земја - мајка на извидничкото движење. Нашиот светски основач Lord Robert Baden Powell кој пред сто години со 20 момчинња го започнал ова движење и го организирал првиот камп на Brownsea Island.

Сојузот на Извидници на Македонија со контигент од 50 извидници присуствуваше на овој светски собир каде што нашите извидници имаат можност да бидат дел од големото дружење со други 45.000 извидници од целиот свет од 27.07.2007 до 08.08.2007 година. Светскиот собир се одржа во близина на Лондон поточно во Hylands Park. Овој собир навистина преставуваше една од најголемите задоволства на сите извидници каде што во сите 12 дена можеа да запознаат огромен број на извидници од целиот свет и да се запознаат со големината и значењето на ова светско движење кое обединува 28 милиони млади луѓе во целиот свет.

\"\"

Исто така во период од 30.07.2007 до 01.08.2008 двајца македонски извидници беа дел од 300 извидници кои беа на Brownsea Island и имаа можност да на истото место каде што пред 100 години започна целото движење да го дочекаат ивидничкото изгрејсонце на 1 Август.Тоа навистина беше ретка можност да се прослават 100-те години од извидничкото движење.

Токму на овој ден на 1 август и остантите 45000 извидници во 5 часот наутро беа на големата арена која се наоѓа во самиот камп и го прославува заеднички светоското извидничко изгрејсонце. Така заедно сите извидници го дочеакаа новиот век на извидничкото движење и имаа голема прослава сите заедно која најверојатно ќе остане во спомен на сите овде присутни.

\"\"

Македонискиот контигент на 28 јули беше поздравена од принцот Вилијам и Војводата од Кент кои што воедно беа запознати со извидничкото движење во Македонија. Покрај оваа посета во периодот додека траеше  светскиот собир на 31 јули македонските извидници беа посетени и од  заменикот амбасадор Мухамед Халили заедно со  првиот секретар на македонската амбасада Димитар Блажевски. Оваа посета навистина беше многу пријатна за македонските извидници и за преставниците на македонската амбасада во Лондон.Заменикот Амбасадор имаше можност да се запознае со македонскиот контигент и со начинот на функционирање на овој голем светски собир и од блиску да ја запознае извидничката организација како функционира во Македонија но исто така да ја види и големината и значењето на ова светско движење .
Во текот на целото траење, Светкото Џамбори го посетија Шветскиот крал Густаф кои што воедно е и скаут, Премиерите на Исланд, Велика Британија, Јордан, Камерун, Чиле, поранешниот премиер на Полска Лех Валенса и повеќе од 35 министри на европската унија и близу 150 амбасадори.

Како составен дел од македонскиот контингент беа и двајца извидници од извидничкиот одред Димитар Влахов од Велес и тоа Ангелче Гушев кои што беше контингент лидер на 35 извидници кои беа директни учесници на Светското Џамбори и прв човек за поддршка на македонскиот контингент и Влатко Влахчев кои што работеше во Интернационалниот сервис тим на 21 Светско Џамбори во кои што Македонија партиципираше со 15 извидници.

Со извиднички поздрав ЗДРАВО !!!

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »