речник контакт

22 - ри септември ден без автомобили во Велес

Да ги менуваме лошите навики на градско -урбано живеење, Велес да стане Европски град - порача градоначалникот Коцевски

Петар Печков

Следната седмица 16-22 септември  е Европската недела на мобилност. Последниот ден, 22-ри септември, недела е ден без автомобили.  Тој ден главната градска сообраќајница неколку часа од 11-15 ч.ќе биде затворена за сообраќај. Тоа е улицата 8-ми септември од плоштад Сармаале до плоштад НА-МА.

Ги поканувам сите граѓани тој ден, да дојдат со своите велосипеди, ски-роли, , ролери, да пешачат и да се возат. Сакаме така да ја зголемиме свеста за здравиот начин на живеење.  Но и да ги менуваме лошите навики на градско -урбано живеење. Така сакаме Велес да стане Европски град - порача градоначалникот Коцевски.   

Во текот на целата следна седмица ќе се одржат и организираат повеќе настани. Понеделник е едукативно – интерактивна работилница за деца и промоција на велосипедот како алтернативно средство за сообраќај, петок  е промоција на иновативно и современо сообраќајно решение на пешачките премини на три локации во градот, четврток е сервисирање за велосипеди на отворено, сабота вечер е промовирање на пешачка патека ,,Ајде до Вршник,, , среда е  на ноќно возење до езеро Младост и назад. Тоа  се дел од активностите во  кои  велешани ќе можат сами да учествуваат.  

Овие активности се во рамките на  добиениот  проект, за кој Општина Велес била прворангирана, и е финансиски е поддржан од страна на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ). Во рамки на проектот Општина Велес активностите ќе ги организира  во соработка со здруженија на граѓани, јавни државни институции и поединци во периодот од 16 до 22 септември. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »