речник контакт

23 автори творат на 11-тата ликовна колонија ,,Папрадишки мајстори,, (фото)

Куќите на Џинот иа Касапови ги примија сликарите од 10 земји

Петар Печков

Во Велес започна со работа  ликовната колонија ,,Папрадишки мајстори,,.Таа е единаесетта по ред и се одржува во куќите на уметноста на Џинот и на Касапови.  Годинава има присутни 23 автори од  девет земји, кои работат  во сите ликовни техники ,  се работи на повеќе локации  во градот. 

Секој уметник со себе ја носи својата матична култура, така се збогатува нашата културна ризница, бидејќи делата остануваат кај нас, во градот. Затоа каниме уметници од различни држави, да имаме  присутни различни култури. Ова е индиректно амбасадорска дејност.  Учесниците се запознаваат со нашата култура,ние со нивната - изјави организаторот и раководител на манифестацијата  Ангел Коруновски.

На годинешната колонија има 15 странци, што е најголем број досега. Има автори од  Унгарија,Романија, Полска, Србија, Бугарија, Црна Гора, Словенија, Турција и од  осуммина од Македонија.  Меѓу нив е  Искра Беличанска ликовен уметник од Скопје, која е прв пат на колонијата. Таа работи инспиративно дело во акрил на платно  ,,Танго од сенки,,.

Сенката ја има секој, таа е неопиплива но присутна. Користам статични луѓе со сенка која покажува друго нешто. Почетокот на колонијата ветува, исполнува. Се надевам на добро дружење, размена на искуства, мислења - рече  авторката Беличанска.  

Иако беше прв работен ден,  при посетата, по петочното отворање, авторите ги имаа своите први дела. Иван Чолаков   е гостин скулптор пензионер на професор на факултетот за ликовна уметност од Софија.  

Тој на дрво топола работи женско торзо високо 1,60 см. Со него се колегите само активни професори, се  полските ликовни уметници  Анета  Јазвинска од факултетот до Варшава  и Грегорш Калиновски од факултетот од Лоѓ.    Оксана Вика и Марија Коваљова  од Јарослава Русија  цртаа пејсаж во  акварели и за прв пат доаѓаат во Македонија.  

Бидејќи колонијата е од отворен тип, во куќите на Џинот и Касапови, можат да дојдат и присуствуваат во создавањето на дела граѓаните,заинтересираните, сите кои ја сакаат уметноста. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »