речник контакт

24 април и 8 мај се неработни денови, за сите вработени

Потребно е секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас, во избирачката единица во која што е регистриран. Овие два неработни дена нема да се одработуваат, тоа газдите на приватните фирми нема да може да го бараат од вработените

Петар Печков

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за прогласување на 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) за неработни денови, поради распишување на избори за претседател на Република Северна Македонија и избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.

Владата, согласно информацијата, донесе заклучоци со коишто ги определи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда), за неработни денови, за сите граѓани на територијата на Република Северна Македонија.

Владата соопшти дека се однесува и на приватните работодавачи.  Или овие две среди се неработни за сите вработени.  Овие два неработни дена нема да се одработуваат, тоа газдите на приватните фирми нема да  може да го бараат од вработените.

Ваквата одлука оти е  потребно е секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас, во избирачката единица во којашто е регистриран.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »