речник контакт

25 Јубилејни средби на извидници

Извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес ги организираше 25 Средби на извидници Велес - Голозинци 2010, истите се одржаа во периодот од 14 до 16 мај 2010 год.во извидничкиот центар “Голозинци“ во истоименото село.

Петар Печков

На овие средби учество земаа 120 извидници од следните извиднички одреди: ИПО Јадран, ИО ММ Брицо, ИПО Галеб и ОИ “Браќа Миладиновци“ од Скопје, ИО “Мирко Милески“ од Кичево,  ИО “Скаут“ Куманово, ИО “Наум Наумовски - Борче“ од Крива Паланка и гости од Република Србија и извидници од одредот домаќин. 

На средбите првото место го освои патролата на извидничко-поречанскиот одред “Јадран“, а второто и трето место им припадна на патролите од извидничкиот одред “Мирко Милески“ од Кичево. Овие средби за прв пат се организираа со друга тематика, ја исфрламе ориентацијата и топографијата, а го внесовме дружењето и играта како метод на работа во традиционалниот скаутизам.... 

Сакаме да истакнеме дека во периодот од 1975 до оваа 2010 година, успеавме да организираме 25 Средби на извидници, а кои што последните десет беа од меѓународен карактер. 25 Средби беа организирани со финасиска поддршка од страна на  Општина Велес и добиени донации локалниот бизнис сектор од Општина Чашка.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »