речник контакт

25 велешани, спорни гласачи, лично се пријавиле во Подрачното одделение на ДИК

Има лица кои се пријавуваат и електронски

Петар Печков

 За две седмици во  Подрачното одделение  на ДИК во Велес се пријавиле лично 25 лица, кои спорни. Не е позната бројката на лица кои тоа го сториле електронски или можеби во некој друг град бидејќи тоа како можност постои.  Според списокот во Општина Велес има 298 спротни гласачи.  Тие  ќе мораат да се пријават во ДИК доколку сакаат да бидат на избирачкиот список и да гласаат на наредните избори.

Од подрачното одделение на ДИК објаснуваат дека бројката се  зголемила овие денови, откако на домашните адреси стигнале писма со информации дека одредени граѓани се  спорни.  Пријавувањето на овие граѓани може да се врши на неколку начини - лично во  Подрачното одделение  на ДИК во Велес, лоцирано во зградата на Општина, секој ден до 19 август во периодот од 8:30 до 19 часот, вклучувајќи и сабота и недела.

При личното пријавување граѓаните задолжително треба да поднесат важечки документ за лична идентификација- пасош или лична карта. Други начин на пријавување е  електронското пријавување преку посебна веб апликација, која е ставена на веб страната на ДИК.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »