речник контакт

25 години карикатура на Милман

По повод 1-ви април денот на шегата во Ликовниот салон во Велес отворена е изложба на карикатуристот Миле Манчевски, познат како Милман.

Петар Печков


Изложбата е прва од предвидените три до крајот на годинава како што најави авторот, со кои тој ќе одбележи 25 години од неговото творештво.

Промотовна реч за изложбата имаше сатиричарот Васил Толевски.

Со својот карактеристичен цртеж, го става македончето на балканскиот пиедестал на широкоградоста и од крајно неповолна положба за да ни измами широка и оптимистичка насмевка. Неговите остроумни опсервации кои се карактеризираат со сатирични и хуморни заклучоци, носат печат на голем уметник на цртаниот збор -  вели Толевски.

Според него, со последните карикатури направени за македонски Остен, Миле Манчевски се втемелува како уште еден бренд во македонската карикатура, застанувајќи рамо до рамо со најголемите македонски карикатуристи на сите времиња.

Миле Манчевски е автор на повеќе од две илјади карикатури и учесник на над сто групни и самостојни изложби во земјава и странство. Изработува илустрации за книги, автор е на стрипови, боенки и анимации, а неговите карикатури се објавувани во многу дневни македонски весници. Добитник е на бројни значајни домашни и странски награди и признанија.

Изложбата е по повод 25 години од неговото творештво  и е во организација на Општина Велес и Народниот музеј. Манчевски или карикатурите со потпис Милман, пренесуваат затскриени, а толку јасни пораки. Во првиот момент не засмејуваат  за веднаш потоа да ни го откријат егзистенцијалното и есенцијалното лице на денешнината. И најтешката сурова вистина поубаво се восприема ако е кажана на шеговит начин.

Манчевски е еден од водечките карикатуристи во Република Македонија. Роден е, живее и твори во Велес. Објавувал свои дела во најтиражните весници во Република Македонија и на просторите на поранешна Југославија.

Карикатурите на Манчевски своја презентација имале во Јапонија, Канада, Куба, Турција, Холандија, Италија, Белгија, Кина, Полска и многу други земји

п.с благодарност за Манчевски што са посетителите на ТРМР отстапи дел од неговите карикатури

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »