речник контакт

250 евра парична казна за секој поединец кој од понеделник ќе биде затекнат без сертификат за вакцина на било каков настан, спорт, концерт, изложба, угостителски објект

Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат можат да бараат асистенција од службеници од МВР. Ничие лично право не е над правото на колективна заштита на јавното здравје

Петар Печков

Казната за граѓаните кои од понеделник ќе бидат затекнати во објект или на настан без сертификат за примена вакцина против ковид-19 ќе платат казна од 250 евра, а казната за угостителскиот објект се движи од 2.500 евра до 30 илјади евра, во зависност од големината на објектот, плус 1.500 евра за одговорното лице,соопшти  директорката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Анета Симеска-Димоска.

Владата на 7 август донесе одлука дека од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).

Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18-годишна возраст.

Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат  можат да  бараат асистенција од службеници од Министерството за внатрешни работи (МВР).  Надлежноста е согласно членовите 58 и 28 од Законот и додава дека досега имаат одлична соработка со МВР.

Од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетерии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.

Според министерот за здравство Венко Филипче, новите владини мерки против ковид-19 со заради заштита на јавното здравје и колективната заштита кои се приоритет. Тој вели дека ничие лично право не е над правото на колективна заштита на јавното здравје.

„Овие мерки се применуваат во многу држави и веќе даваат резултат. Забраната за движење во шуми не го дели народот на планинари и оние кои не планинарат, тоа е заштита од пожари. Условот за запишување во училишта на децата со примена вакцина не е поделба на децата, туку нивна заштита од болести и епидемии. Ничие лично право не е над правото на колективна заштита на здравјето на граѓаните“ вели  министерот Филипче.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »