речник контакт

28 средби на извидници Извор 2013

Победи ИПО Јадран од Скопје. Средбите беа дел од одбележувањето на 60 години од постоењето на ИО Димитар Влахов

Петар Печков

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од  Велес по 28 - ми пат ги организираше  традиционални средби на извидници. Средбите беа од меѓународен карактер и се одржаа во периодот од 7 до 9 септември во атарот  на село Извор. Извидниците се натпреваруваа во областа на  топографија и ориентацијата во непознат  терен, сигнализација, прва помош, исхрана во природа.

Овие Средби беа дел од Глобалната програма за прослава на 60 години извиднички одред “Димитар Влахов“ под  мотото 60 годни извидници – 60 години млади !!!

На средбите учество земаа извидници од Република Македонија и Република Србија.  Во рамките на натпреварувачкиот дел први  беа извидниците од ИПО “Јадран“ од Скопје, втори беа извидниците  од “Башкими“ од Зајас а трети извидниците од извидничкиот одред “Гоце Делчев“  од Св. Николе. 

Средби беа дел од проектот на одредот со програмските  активности на Свеската скаутска програма Messenger For Peaces. Покрај извидниците  учесници на средбите со една патрола учетсво земаа припадниците на Воената полиција  при Генераштабот на АРМ.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »