речник контакт

29-та ликовна работилница за Меѓународниот ден на лицата со попреченост, на тема „Македонско културно наследство“

Победници се Семра Алиов, Анастасија Јакимовска и Филип Јовановски

Петар Печков

Учениците Семра Алиов, Анастасија Јакимовска и Филип Јовановски се победници на годинашнава 29-та по ред Ликовна работилница, реализирана во РЦ Маца Овчарова од Велес основно училиште за ученци си попречености.  Темата  на која учесниците твореа беше „Македонско културно наследство“ .

На работилницата учествуваа ученици од училиштето и сродните на него од Македонија, основни училишта каде има паралелки за овие деца, како и сите основни училишта од Велес. Имаше примено дела по е-пошта и од Србија, од училиштето за деца со проблеми во слухот „Стефан Дечански“ од Белград. 

„Со  оваа Ликовна работилница по повод 3 Декември, Меѓународен ден на лицата со попреченост, со многу креативност, дружба и позитивна енергија го одбележавме настанот. Учениците создадоа прекрасни дела и нѐ потсетија дека различноста е сила, а уметноста е простор каде сите сме еднакви.  Голема благодарност до сите учесници кои придонесоа да го зачуваме духот на инклузијата и заедништвото. Продолжуваме да градиме поддржувачка и инклузивна средина“ – кажа директорката  на училиштето Снежана Стојановска. 

фото: ОУРЦ Маца Овчарова Велес

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »