речник контакт

3,5 илјади заборавени велешани не се пререгистрирале во здравство

Пациентите се сетија откако отишле не доктор па констатирале дека немаат повеќе здравствено осигурување

Петар Печков

 Од вкупно 8,5 илјади регистрирани невработени лица 3,5 илјади не го обновиле договорот за пререгистрација. Ова се бројките од Подрачната единица на Фондот на здравство во Велес.  

Тоа деновиве создаде гужва и редици, оти граѓаните побрзаа да си исправат  грешката што сами ја создадоа. Така секојдневно во салата има по 50-тина лица кои чекаат да ја завршат обврската  чиј последен рок беше 31 март. Ако во периодот за пререгистрација имаше до 20-тина лица, сега таа броја е двојно и повеќе зголемена.

Повеќето од нив се судриле со проблем кога отишле на доктор, и по увидот во нивното осигурување било констатирано дека немаат повеќе здравствено осигурување. Затоа веднаш се упатиле во Фондот каде имаше редици за да се заврши обврската. Повеќето од нив не слушнале и ен знаеле дека треба да се пререгистрираат иако  објавата за оваа обврска беше лепена дури и по некои продавници. На неа потсетуваа и матичните доктори.

Осигурениците може да ги донесат документите за регистрација и по истекот на рокот, но со тоа губат континуитет во осигурувањето и дел од здравствените услуги нема да може да ги добијат и откако ќе го обноват осигурувањето. Поради прекин на континуитетот во осигурувањето, шест месеци по повторната регистрација немаат право на ортопедски помагала, а жените го губат правото за надомест на породилно отсуство, ако претходно немаат шест месеци непрекинато осигурување - велат од Фондот за здравство.

Од вкупно 243.085 невработени лица кои, според евиденцијата на ФЗОМ, треба да се пререгистрираат, до крајниот рок потребни документи доставиле само 135.583 лица или 55,78 отсто од невработените во Република Македонија.  Најголем број  од невработените кои  останаа без здравствено осигурување се од Скопје 30.683 лица, потоа следува Битола, каде што од 9.443 невработени, се пререгистрирале само 4.641 лице, односно без осигурување останале 4.802 луѓе,

Сите невработени што нема да се регистрираат согласно со одредбите во Законот за здравствено осигурување, нема да можат да го остварат правото на здравствени услуги и затоа апелираме, и покрај тоа што поминал рокот, да појдат во подрачните служби и да се пререгистрираат  велат од Фондот за здравство.

Осигурениците што како семејство лани оствариле приход помал од 96.600 денари, нема да плаќаат за здравственото осигурување, оние со приход меѓу 96.600 и 185.412 ќе плаќаат 1.280 денари месечно, а оние со приход над 185.412 денари ќе плаќаат 2.256 денари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »