речник контакт

300 учесници возеа маунтин бајк по планината Јакупица

Со велосипед се искачија на 1.400 м.н.в.

Петар Печков

 Околу 300 учесника беа дел од првиот   маунтин бајк Азот 2015-та МТБ  предизвик, кој се возеше во неделата.   Учесниците возеа по  оф роуд патеки на планината Јакупица, искачувајќи се и до 1400 метри  надморска височина, каде е планинарскиот дом Чеплес.

Повеќе од седум часови возење по планински, земјени патеки низ прекрасната природа, без ниту еден инцидент и повредени, беа причина организаторите да   бидат задоволни од настанот.

 Регионот на Азот нуди прекрасна природа  и можност за рекреација. Целта  ни беше организирано да понудиме можност за запознавање на овој централен дел од  Македонија, но и рекреација за љубителите на планинскиот велосипедизам - изјави Зоран Јаневски од Здружението на граѓани   Велес бајкинг, организатор на трката.

Настанот  беше  поделен во два дела од кој првиот, сабота попладне,  беше  наменет  за  забава со  рок бендови и ДЏ, а  вториот ден  недела беше предвиден за возење на патеките. Тргнувањето беше од пред Римскиот мост  во Богомила, учесниците покрај возењето ги посетија селата Црешнево, Капиново, Нежилово, паузираа со чај  на планинарскиот дом Чеплес,  беа во село Папрадиште, за да преку “Прилепсиот пат“ прстигнат во кампот  во Богомила.

Меѓу учесниците велосипедисти освен од Македонија имаше гости и од Украина и Израел. Големиот  број на луѓе ангажирани за безбедноста на велосипедистите, добро  маркираната патека и покрај лошиот терен,  придонесао да нема повредени учесници. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »