речник контакт

350 садници на брези за 72 години слободен Велес (фото)

На повеќе локации во градот се засадија 350 садници

Петар Печков

По повод 9 Ноември - Денот на ослободувањето на Велес, во Градскиот парк се засадија 40 садници од бреза. Со ова започнува есенското садење на висока вегетација, што вклучува садење на вкупно 350 садници од бреза на повеќе локации во градот. Станува збор за три годишни садници одгледувани од  расадник.

Брезите не никнат сами, тие се посадуваат. Тоа го правиме денес, со помош на нашите пријатели од збратимените градови. Затоа под секое дрво ќе пишеме од кој град е засадено. Садниците се     обезбедени од   одгледувалиштето на  ЈКП Дервен. Имаме вкупни за садење уште 2,1 илјади садници бреза кои континуирано во наредниот период ќе се  посадуваат низ Велес на јавните површини – изјави градоначалникот Славчо Чадиев.

Тој потенцираше дека брезите се набавени со средства од локалниот буџет и дека оваа акција не е во врска со акцијата ,,Ден на дрвото,,. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »