речник контакт

39 во сенка понеделник 16 август

Денес 16 август се измерени највискоите 39 степени во Веелс годинава. Претходните два дена, викендот температурата се искачуваше до 38-иот степен. Така го истеравме најжешкиот дел од годинава. Метеоролозие најавуваат високи температури до 36 степени во следните седум дена дена.

Петар Печков

Највисоката измерена температура во Велес изнесува 43,5 степени целзиусови, измерена на 22 август 1952 година. Средната годишна температура е 13,5, најстуден месец е јануари со 1,8 а најтопол е јули со 24,4 степени. Велес се наоѓа во подрачје со модифицирана медитеранска клима.

Просечно врнежи  во градот има 427 мм воден талог, 92% се од дожд. Сушни месеци во Велес се: јануари, февруари, април, јуни, јули, август, септември, најсушен е август а најврнежлив ноември пред: март, мај, октомври, декември.

Во однос на ветровите најзастапен е северниот кој дува со средна годишна брзина од 2,7 м/сек и северозападниот со брзина од 2.9 м/сек. Ова се податоците од Хидрометеролошкиот завод на Р.Македонија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »