речник контакт

3а локалните избори во општина Велес право на глас имаат 45.892 гласачи

Од избори на избори се намалува бројот на гласачи во ОИК Велес. Колку гласачи има во општините Градско и Чашка.

Петар Печков

За неделните избори во општина Велес во избираниот список се запишани 45.892 гласачи со прво на глас. Од нив 83 не се на територијата на Општината и бидејќи тоа се затвореници, тие имале можност да гласаат денес, сабота.

За потсетување на локалните избори 2017-та имаше 46.612 гласачи а на локалните 2013-та 46.261.

Во Општина Градско бројот на избирачи е 3.113 граѓани, додека во општина Чашка бројот на запишани гласачи е 6.171.

За разлика од останатите претставници на ОИК, заменикот претседателот на ОИК Лозово, Виолета Спасова Колева не ги даде бараните инфорамции.

Според Изборниот законик, се смета дека во првиот круг од гласањето некој е избран за градоначалник доколку добие мнозинство од гласовите на избирачите кои излегле да гласаат, но услов е излезеноста да биде најмалку една третина од вкупниот број запишани избирачи во Избирачкиот список за соодветната општина.

Ако на изборите гласаат една третина од гласачите, но никој од кандидатите нема мнозинство од гласовите, тогаш во рок од 14 дена се одржува вториот круг, во конкретниот случај тој е закажан за 31 октомври.

Во вториот круг одат само двајцата кандидати кои имале најмногу гласови во првиот, а победува оној кој добил поголем број гласови.

За изборот на советници, се гласа еден круг, само в недела. Колку советници од секоја од поднесените листи ќе влезат во новите совети на општините се пресметува по Донтовата формула.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »