речник контакт

4,5 години затвор да пренос на 1,3 кг хероин

Двајцата арачиновци се обиделе во земјава да внесат 1,3 кг хероин за што ќе одлежат 4,5 години затвор

Петар Печков

Двајца арачиновци добија вкупно 4,5 години затвор оти се обидоа да внесат во Македонија 1,3 кг хероин.   Аднан Демири ( 43 год)  доби три години како организатор а Муамер Аљиљи (25 год) доби година и пол за транспорт на запленетото количество дрога.   Според обвинението  на 8-ми декември минатата година на граничниот премин Богородица при влез од грчка страна,  бил фатен  Аљиљи со хероин вреден околу сто илјади евра кој му бил залепен околу   појасот. 

Тој пред судот призна дека  дознал, оти  Демири бара човек кој би му  пренел дрога од Истанбул во Скопје.   За ова требало да добие награда од   илјадa евра. Во договор со Демири, Аљиљи како курир  заминал за Истанбул каде веќе била договорена зделката и го подигнал хероиноит. Трите пакети во кои имало 1,3 килограми хероин тој  ги залепил за појасот. Успешно ја минал турско- грчката граница,  но бил откриен и уапсен на македонската граница. Аљиљи го признава делото, го посочил Демири како организатор, поради што доби 18 месеци затвор а Демири три годни, за трговија со дрога.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »