речник контакт

4,5 години затвор за кражбата на сеф од адвокатска канцеларија

Тодоровски и Киров се осудени откако го признале делото

Петар Печков

 Двајцата крадци кои од сеф на велешки адвокат одземаа околу 250 илјади денари го признале делото пред судот. По признание  на вина Васил Тодоровски ( 52 год)  добил две години  а Јован Киров ( 46 год) добил 2,5 години затвор.  Затворска казна на Киров е повисока оти во казнената евиденција тој имал и други правосилно затворски казни.  

Делото за кое беа осудени  беше тешка кражба, која  се случи на 28 ноември минатата година, во ноќните часови, на улица Гоце Делчев. Тодоровски и Киров прво насилно влегле во канцеларијата, па насилно го отвориле металниот сеф и од него одзеле 3.650 евра, 480 долари и 9450 денари.  По ова ја напуштиле канцеларијата и зградата, но налетале на полициска патрола, по што почнала бркотница по блиските  улици.

Двајцата обвинети биле  фатени, кај нив пронајден алат за разбивање, фантомки за маскирање,   клучеви калаузи а во блиска просторија на улица Страшо Пинџур,   биле пронајдени и сите пари одземени од адвокатската канцеларија.  Тодоровски и Киров го признале делото  по што се прогласени за виновни и им се изречени затворски казни.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »