речник контакт

40 години затвор за трикратното убиство во Кавадарци

Роднините на убиените разочарани од пресудата

Петар Печков

Тони Станоев, обвинет за тројното убиство во Кавадарци, доби казна долготраен затвор од 40 години. Ова е  пресуда изречена во Основниот суд во Велес, откако Станоев беше прогласен за виновен за три кривични дела убиство. Тој  на 9-ти ноември  минатата година,со по еден истрел од пиштол ЦЗ 79 од 9 мм  за кој поседувал дозвола ладнокрвно во нивниот дом  ги  убил таткото,  мајката и сестрата на неговата сопруга Данче, Илија, Билјана и Снежана Леови.   Судијката Тања Милева посочи дека вината  е од трет степен, согласно  Правилникот за начинот на одмерување  на казната.  

Станоев е  претходно осудуван за други дела, се дал во бегство по убиството, по што два дена се криел, имал пријави од неговиот татко но и од блискате на сопругата за семејно насилство. Затоа се прогласува за виновен и му се изрекува казна долготраен затвор во времетраење  од 40 години - ја образложи пресудата судијката Милева.

Обвинителството во завршен збор побара казна доживотен затвор. Изречената казна за блиските на починатите е блага, тие со солзи во очите, но лути и разочарани излегоа од судницата. Прва ја напушти  поранешната сопругата на обвинетиот Данче, која беше во шок и неверување.  

Оваа пресуда е срам за македонското судство, тоа не дели правда.  Што требаше Тони да  направи за да  добие доживотен затвор, уште колку луѓе  требаше да убие. Денковски за тројното  убиството кај   Биг фиш ресторанот доби доживотен затвор, братоубиецот од Охрид за две убиства доби до животен затвор,  исто така и Диневски за девојката која ѕверски ја  уби во Скопје. А Станоев уби ладнокрвно, на ручек тројца луѓе,  доби  40 години затвор - рече  Васка Темкова, сестра на убиениот Илија.

При вештачењето докторите констатирале дека Тони Станоев бил пресметлив, кога ги извршил трите убиства. Тој во завршен збор,  го  призна делото и изрази каење са стореното. 

Не можам да го вратам времето назад. Се случи  на брзина. Изразувам сочувство за смртта на трите лица - рече пред некој ден Станоев, кој не беше донесен во Велешкиот суд, да ја слушне казна која му беше изречена. За роднините на убиените, пресудата е во прилог дека системот затајува. 

По оваа изречена казна, не се чувствуваме безбедни.   Нашите блиски се убиени со умисла и намера. Пет години Тони ја малтретираше нашата фамилија. Пред него замижа полицијата кога не му го дозеде пиштолот, па замижаа вработени од Центарот за социјални грижи кои не постапија на поплаките од Данче. Сите добија условни затворски казни. А да работеа совесно,  немаше да дојде до ова. Сега и велешкиот суд влезе во тркало на неправдата и тој ќе дозволи убиецот по десетина години да шета. Убиецот  со овие три убиства нема да застане - рече Верка Трпчевска.

Станоев останува во притвор а му се одземе пиштолот со кој ги сторил убиствата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »