речник контакт

40-тина вработени од Колска на принуден годишен одмор

Дел од вработените во Фабриката за шински возила Колска од Велес протестираа бидејќи добија решенија со кој од почетокот на октомври заминуваат на принуден годишен одмор.

Петар Печков

Четириесетината работници се сомневаат дека зад оваа одлука на новото раководство стои можноста дел тие во блиска иднина да бидат избркани од работа како технолошки вишок. Откако пред две седмици вработените штрајкуваа за плата, сега дел од нив наредниот период ќе седат дома.

Стравуваме за нашата иднина бидејќи во решенијата не пишува до кога нема да доаѓаме на работа, ниту што е причината за ваквиот чекор на новиот директор.  Ако нема работа, бидејќи е поврзан систем, ќе нема работа за сите. Ако нема репроматеријал, нема ни работата. Зошто тогаш едни ќе седат дома, други ќе доаѓаат на работа. Овде ни мириса на политика, оти од работа сме пуштени тие што не сме со владеачката партија – велат работниците кои од вчера ќе земаат по 70 отсто од платата на недоредено време.

Вкупно во велешка Колска, која ги поправа патничките и товарните вагони на ЈП Македонски Железници работат 210 лица.Со новиот директор Александар Атанасов средба оствариле и претставниците на Синдикатот на кој им биле објаснети причините за ваквото решение.

Директорот Атанасов за медиумите изјави дека причината за пуштањето на дел од работниците на принуден годишен одмор  е изнудена, поради тоа што Колска немала работа.Тој рече дека штом ЈП Македонски Железници ќе им дадат вагони за поправка, работниците ќе биле вратени.

При неодамнешната посета на словачкиот амбасадор на Велес, тој најави дека компанија од неговата земја е заинтересирана да ја купи велешка Колска. Станувало збор за фирмата која од почетокот на годинава ја купила српската фирма ,,Гоша,, од Смедеревска Паланка, каде се произведуваат шински возила а со купувањето на Колска, словаците сакале да ја заокружат нивната дејност на Балканот, бидејќи Колска ги поправа вагоните.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »