речник контакт

420 слободни места за бруцошите, уписите четврток и петок

Упис има на Економскиот и Земјоделскиот факултет од Скопски Универзитет, и на Техничко-технолошки, Техничкиот и Факултетот за туризам и угостителство при Битолскиот универзитет

Петар Печков

Двата државни Универзитети четврток и петок, 15 и 16 август ќе вршат упис на студенти за прва година. Во Велес  има  420  слободни места на пет факултети.

На Универзитетот Св. Кирил и Методиј има 160  слободни места на  два факултети кои ќе одржуваат диспензирана  настава во Велес.  80 слободни места на Економски факултет диспензирана настава по сметководство и ревизија, од кои 40 се за редовни со надомест од 100 евра, редовни со кофинасирање 20 со надомест од 100 евра, вонредни се 20 со 400 евра надомест. Овие студените настава ќе посетуваат во Економското училиште во попладневните часови.

Упис  има предвидено и за 80 студенти на Земјоделски факултет диспензирани студии по винарство и лозарство. 40  места се за редовни со надомест од 100 евра,  20 се редовни со кофинасирање со надомест од 100 евра, вонредни се 20 со 400 евра надомест. И минатата година имаше предвидено упис на студенти на овие  земјоделски насоки во Велес, но немаше интерес.

На Универзитетот С. Климент Охридски од Битола  има  260 слободни места на  три факултети. На Техничко –технолошкиот факултет кој има седиште во Велес ќе се запишат  140 студенти, по 70 во насоката прехранбена технологија и биотехнологија, и на нутриционизам.  Редовни и на двата факултети се по 40 студенти со 200 евра партиципација, 20 се со кофинасирање од 400 евра и 10 се вонредни со 400 евра надомест.

На Техничкиот факултет отсек информатика и компјутерска техника диспензирана настава Велес ќе се запишат 80 студени, 40 редовни со сто евра учество, 20 со конфинасирање од сто евра и 20 вонредни со 400 евра надомест. На Факултетот за туризам и угостителство од Охрид наесен во Велес ќе има  диспензирана паралелка  хотелско ресторански менаџмет со 40 студенти.  20  се редовни со учество од 100 евра, 10  со кофинасирање од сто евра и  десет вонредни со надомест од 400 евра.

Во утврдувањето на структурата на слободните места кои  се финансираат од Буџетот на Република Македонија,  внимание е посветено  на струките кои се дефицитарни на пазарот на трудот во земјава, струки кои според анализите претставуваат занимања кои ќе бидат актуелни и барани во иднина.

Вториот упис е на 03/04  септември и ако останат слободни места на  во третиот упис на 17 септември.  Годинава има во Велес дури за 270 места помалку отколку лани за упис на бруцошите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »