речник контакт

44 лица во два дена во Велес, не носеле заштитна маска за што се казнети

Во понеделникот биле казнети 24 граѓани а во вторникот 20 лица

Петар Печков

СВР Велес информираше дека од претходните два дена, понеделникот и вторникот, казнети се 44 лица, кои не ја почитувале Уредбата на Владата за задолжително носење на заштитна маска.

При тоа во понеделникот  биле казнети 24 граѓани а вчера, во вторникот - 20 лица. Тие не ја носеле заштитната маска  а додека се движеле по улиците нa грaдот.

Паричната казна е 20 евра, доколку се плати во рок од осум дена е 10 евра или 620 денари. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »