речник контакт

45000 зошто и само илјада затоа

Кои се причините поради кои велешани во голем број не ја сакаат топилницита тука и овде

Петар Печков

Загадувањето  на Велес од 30 годишното работење на топилницата е огромно. Присутноста на тешките метали во велешката почва е далеку над светските нормативи а оловото и кадмиумот се  опасни по здравјето на луѓето. Тие се присутни во длабочина до 50 сантиметри, со вредности  кои  се вознемирувачки и до десет пати повеќе од максимално дозволените, со што ја чината најзагадена на Балканот. Бројни научни трудови, ја потврдуваат единствената вистина.

Топилницата за време од 30 години неконтролирано работење, дарувала  42 хемиски елементи, меѓу нив и жива, арсен во велешката почва и тоа е причина за бројните заболувања кај неговите жители. Светската Здравствена организација поради загадувањето Велес во 2000  го прогласи за опасно место за живеење.

Добро е што за сите овие години водата во велешко никогаш не покажала загадување со тешки метали. Откако претана да работи топилницата, забележано е драстично намалување на амбиенталниот воздух во градот, во однос на оловото и кадмиумот. Проблемот опстојува кај почвата, нејзината загаденост. Оловото и кадмиумот се тешки загадувачки метали, кои не можат да се отстранат од земјата освен механички или физички, хемиски не е можно.  Треба да се внимава преку ланецот на исхраната, тие да не дојдат од човекот или животното.  Не треба да се заборави и големиот проблем, јаловиштето на згура, лоцирано до топилницата, каде  се присутни и олово и кадмиум– вели д-р Михаил Кочубовски од  Републичкиот институт за јавно здравје. 

Тој заедно со негови колеги од повеќе здравствени институции во Скопје и Велес изведоа сеопфатно истражување, кое траеше неколку години и со кое детално се испита здравствената состојба на велешани. Тоа покажало поголемо количество на олово во крвта, што покажува дека проблемот и натаму постои  преку загадената почва, иако Топилницата не работи.

Неутврдените загуби на  тешките метали при процесот на производството во овој индустриски капацитет, за периодот од 1973-та до 2000-таата изнесуваат 70 илјади тони цинк, 55 илјади тони олово и 1,3 илјади тони кадмиум, кои комбинатот му ги ,,подарил ,, на Велес и околината. Тука е и депонијата со згура тешка 1,7 милиони тони а во неа има 10 отсто кадмиум и 1,2 отсто олово. Последните добиени  резултати се од ПМФ а се нарачаното вештачење за загаденоста на велешката почва. Тие се исто така поразителни.

Врз основа на сите добиени резултати утврдено е големо загадување сто тешките метали во почвата во Велес и околината, посебно со олово и кадмиум.   Подрачјето загадено со кадмиум е 6,6 км2, олово е 4,2 км2.Ова загадување е резултат на човекова активност, конкретно на Топилницата за олово и цинк. Загадените површини се во вид на елипса, што е резултат на розата на ветровите. Истражуван е само југозападниот дел на општината, а треба да се истражи и североисточниот дел – вели проф. Д-р Трајче Стафилов, кој го работеше ова вештачење за потребите на Основниот суд во Велес. 

Невладиниот сектор е сериозно згрижен од најавите за можен рестарт на топилницата. Тие како Зелена коалиција, со општина Велес, заедно настапуваат  во борбата за здрава животна средина.

 Искрено немаме доверба во инвеститорот Метрудхем. Тој  иако ветуваше дека ќе дојде во Велес да ги објасни нивните потези, досега два пати  го одбира Скопје за претставување. Еден милион евра за кој го купи комбинатот на тендер, не сакаше да ги плати една година а сега се расфрла со 150 милиони долари за рестарт. Тврдеа дека не се дел од Минеко групацијата, сега се фалат дека се дел од неа. Во судот во Велес, кога не сакаа да се појават пред јавноста, бараа да излезат од влезот за убијци и криминалци, за  да не  се соочат со велешани. Како на овие луѓе сега да им веруваме. Последна нивна невистина што ја лиферуваат е дека ќе ја исчистат депонијата со згура а неа Министерство за животна средина од почетокот на  годинава  на конкурс ја понуди да се отстрани. Меѓу двете фирми кои конкурирале ниту една не е поврзана со Метрудхем –вели Игор Смилев од ЕГ Зелената сила.

Велешани сами решија да ја исчистат почвата до тешките метали. Тие со два проекти треба да ја деконтаминираат велешката почва. Првиот го реализираа лани, кога на јавните површини, во дворовите од училиштата и детските градинки се засадија седум илјади рози. Вториот проект е во тек, и со него на земјоделските површини се засадува маслодајна репка, која потоа ќе се откупува и преработува во био-гориво. 

Велешката топилница, седум години по затворањето, сеуште е загадувач на градот поради тоа што неправилно е запрен процесот на работа. Тешките метали и другите елементи кои влијаат на здравата животна средина се наоѓаат на опремата, машините и  зградите на комплексот Металургија при МХК Злетово,.

Стандардните услови за запирање на овој комплекс не се почитувани, тоа е чистење на опремата, нејзино демонтирање и соодветно одлагање, уредување на земјиштето во кругот на Топилница, како и чистење на зградите или во спротивно нивно рушење. Честичките од тешки метали, олово и цинк, кои како продукт на производниот процес, се наоѓаат на сите овие површини. При одредени атмосферски услови, дожд и ветер тие стигнуваат до граѓаните на Велес - објаснува д-р Бошко Ников, еколошки експерт, кој  вели дека велешкиот случај не е единствен, така се постапило и со други објекти во земјава.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »