речник контакт

48 Рацинови средби

Организаторот најавува повеќе различни програмски содржини, со што манифестацијата треба да биде различна од досегашните

Петар Печков

 Среда и четврток во Велес ќе се одржат 48-те Рацинови средби со која ќе му се одаде почит на поетот и револуционер Коста Солев.  Локалната власт на општина Велес, како организатор  најавува нови содржини со кои манифестацијата  треба да биде различна од претходните.          

Нудиме колаж од програми и активности, нови форми на изразување, што ја прават манифестацијата различна од претходните, со цел да ги откриеме повеќето димензии на животот и работата на  Рацин. Освен на поетскиот дел, ќе дадеме слика и на неговиот живот. За таа цел граѓанскиот сектор, застапен од здружението ,,Разбој,, ќе организира изложба на отворено на грнчарски производи, како и грнчарска работилница која ќе се одржува во куќата на Рацин ,на колцата каде тој работел – изјави Горан Петров градоначалник на Велес.

Младите од Велес ќе имаат претставување пред граѓаните со поставка ,,Рациново поколение,, , каде секој од нив со свое дело, проза, слика, или друга форма,  ќе се претстави како го доживува нивниот сограѓанин.  На поетскиот митинг ќе настапат 26 поети, осумина од странство од Романија,Украина, Грција, Бугарија, Србија а Беседите за Рацин  годинава ќе ги имаат поетот Ристо Лазаров, професорот Ѓорги Сталев и хрватскиот амбасадор Златко Кујунџиќ, на вечерта именувана  ,,Мугра,,. Во музичкиот дел на годинешниве Рацинови средби настап ќе имаат маестро Борис Трајанов и Мики  Секуловски- првата вечер и Зоран Џорлев- втората вечер.         

На отворањето на манифестацијата ќе настапат велешките актери како и студентите од ФДУ од  градот а ќе се отвори и ексклузивна  изложба на 150 стари црно бели  фотографии на Велес од средината на 19-тиот век на кој се гледа развојот и изградбата на Велес. Во куќата на поетот настап ќе имаат и поетите од Велес, членови на литературниот  клуб ,,Кочо Солев Рацин,,. Се обидовме да вклучиме што  повеќе настани и учесници, за средбите да бидат побогати. Очекувам дека и граѓаните ќе бидат присутни, за на тој начин му оддадат почит на најзначајниот велешанец Рацин – најави Петров.

Годинешни добитници  на Рациновото признание се  Владимир Попов за неговото дело ,,Наспроти ветрот,, издание на Култура, а почесното за афирмацијата на македонската култура надвор од границите на земјава е професорот Златко Кујунџиќ, хрватски амбасадор во Скопје. На 13-ти јуни, на денот на трагичната смрт на Рацин, ќе биде посетен неговиот  гроб  на планината Лопушник. Манифестацијата е финансирана од Министерството за култура и Буџетот на општина Велес.     

 Од годинава новина што се воведува е кревањето на Рациновото знаме. Тоа е со лик, портрет, на поетот и негов потпис, кои се насликани на платно со боја на керамика, глина, занимањето со кое Рацин се бавел. Знамето е големо 2,4 х 1,2 метри и изработено од  фирмата Уни-прес – Велес.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »