речник контакт

49-ти Детски Рацинови средби

Гран при за Драган Андреевски од Кавадарци и Марија Ристевска од Скопје. Учествуваа 280 дела повеќе песни дел слики

Петар Печков

Два дена Велес беше домаќин на младите поети и уметници од Македонија, кои се собраа во рамките на 49-ти Детски Рацинови средби.  Тие  беа учесници на ликовниот и поетскиот конкурс ,, Мојата татковина,, во  три категории, 6-то и 7-мо, 8-мо и 9-то одделение   од основно образование  и 1-ва и 2-ра година од средни училишта.  На литературниот конкурс пристигнале 214 творби а на  ликовниот 68.  

Највисоката награда Гран при кај литерати ја доби Драган Андреевски  9-то одделение од ОУ Димката Ангелов Габерот од Кавадарци, додека кај ликовните цртежи Гран при доби  Марија Ристевска исто така 9-то одделение  но во ОУ Невена Георгиева Дуња од Скопје.

Годинава можеа менторите од секое училиште да учествуваат само со по две творби. Тоа ја зголеми конкуренцијата  но и квалитетот на  творбите кои пристигнаа на конкурсот. Презадоволни сме како организатори од  пристигнатите творби – изјави    Лила Арсова координатор на манифестацијата Детски Рацинови средби.  

Во куќата на Кочо Рацин беа изложени пристигнатите ликовни творби, додека во сокачето на  поезијата пред куќата на поетот добитниците на  првите награди ги прочитаа нивните наградени песни.  Денес, петок,  поетите гости има поетски карван во основните и средни училишта како и во градинките во Велес. Промовирана беше  и книга од Наум Попески ,,Низ сончевиот пат на македонската азбука,,.  

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »