речник контакт

5 години клуб „Ноктурно“

Четврток, 26. мај 2011, клубот „Ноктурно“ од Велес прославува 5 години постоење со роденденска забава.

Зоран Николов

Четврток, 26. мај 2011, клубот Ноктурно од Велес прославува 5 години постоење. Гостите ќе ти забавува неуморниот и неповторливиот Драган Б. Костиќ, кој е диџеј уште од времето кога оваа генерација не била ни планирана.

Клубот „Ноктурно“ последниве пет години придонесе ноќниот живот во Велес да биде побогат со организирање забави до раните утрински часови, со широк спектар на музички стилови и правци за задоволување на сечиј вкус и со квалитетно озвучување и аудио опрема. Многу ноќни клубови во меѓувреме се отворија и се затворија, но клубот „Ноктурно“ остана доследен и верен на своите гости исклучиво со квалитетната понуда за секој викенд и задоволителна услуга од персоналот. Да им посакаме уште многу години успешно работење!

Повелете на роденденска журка во четврток!

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »