речник контакт

500 илјади евра за свлечиштето Рамина

Жителите од свелчиштето Рамина се задоволни што Владата оддели средства за решавање на нивниот проблем.

Петар Печков

Жителите од свелчиштето Рамина се задоволни што Владата оддели средства за решавање на нивниот проблем.

Со амандман поднесен од велешкиот пратеник Илија Димовски од владеачката ВМРО-ДПМНЕ, поддржан од министерот за финансии Трајко Славески, решено годинава во републичкиот Буџет да се одвојат 500 илјади евра за ова свлечиште. Исто толку средства Владата планираше  годинава за Јеловјане, но по реакцијата на жителите Велес, но и пратениците од градот, грешката е исправена.

- Добро е што во последен момент сепак се најдоа пари за Рамина, која за разлика од другите слични свелчишта во Македонија има најдолг стаж од седум години. И додека другите добиваа приоритет, нас не заборавија. Сега останува да видиме како и кога ќе се реализираат овие средства - изјави Трајко Кузманов, раселен жител од Рамина.

Илјада отселени лица од овој дел на градот, стотина срушени куќи, се резултат на лизгањето на земјата регистрирано во 1999 година. Досега направен е потпорен ѕид во првата фаза, која заврши пред три години за потоа да дојде до застој. Иако требаше да се одвојат 1,5 милион евра за втората фаза, пари не се најдоа а Рамина остана нерешена. На ова предупредува и градоначалникот на Велес.

- Има предолг период помеѓу двете фази, што создаде нов проблем во долниот дел на свелчиштето, каде сега се оштетени многу куќи. Пред да се продолжат работите потребно е да се изврши ревизија на проектот за решавање на Рамина. Овие средства се недоволни но добро е што се наменски за ова свлечиште - вели Аце Коцевски.

Неговиот колега по занимање, градежниот инжинер пратеникот Горан Петров со резерва дека треба да се вградуваат бетонски колови, како што е предвидено со студијата.

- Тоа е неизводлива работа. Да се вградат 40 метри во земјата е колку една 12 катница да се изгради. Во Македонија нема таква механизација која ќе ја изврши задачата, а таква има само во Русија. Но и да се ангажира прашање е како ќе стигне до теренот, бидејќи улиците, поточно сокаците се тесни па ќе треба да се срушат многу објекти - објаснува Петров.

Овие технички прашања  жителите на Рамина велат не се толку битни, колку надежта дека конечно се најдоа пари за нивната мака и дека работите тргнаа од мртва точка.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »