речник контакт

500.000 денари награда за првиот текст во новиот Велешки театар

Денес, среда заврши конкурсот за нов драмски текст по кој ќе биде одиграна првата претства во новата театарска зграда

Петар Печков

Петстотини илјади денари ќе добие авторот на текстот кој ќе победи на конкурсот за дело кое премиерно ќе го го отвори новиот Велешки театар.

Новата зграда на театарот "Јордан Хаџи Константинов - Џинот" свечено беше промовирана на крајот на јуни, а театарската сезона ќе почне од есенва.
Конкурсот , распишан од Министерството за култура заврши на 20 август, а резулатите за победникот ќе бидат соопштени на 5 септември.

Директорот на Велешкиот театар, Јордан Витанов  рече дека во зависност од тоа какви дела ќе добијат, ќе резимираат и според карактеристиките на текстот ќе одлучат кому да го понудат да го режира. Витанов се надева дека во септември ќе почнат пробите за таа претсвата и оти премиерата би се очекувала на крајот на октомври па до средината на ноември.

Новиот Велешки театар е на површина од 4.200 квадратни метри, има голема сала со капацитет од 370 посетители и мала сцена која може да прими од 50 до 110 посетители. Објектот е дело на архитектите Илија и Моника Стојчевски и на Билјана Христова од "Проектинг", а се градеше повеќе од осум години.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »