речник контакт

55 години Боречки клуб Борец (фото)

Одбележани и 35 години од смртта на Љубомир Коцев Листон

Петар Печков

Со јубилеен воедно и  меморијален турнир  беа одбележани две годишнини, 55 години од  постоењето ан Боречки клуб Борец и 35 години од смртта на големото боречко име Листон.  Почетокот на Боречкиот Клуб  Борец е пред 55 години во 1961-та година. Од самиот почеток до денес единствен кој остана верен на овој спорт и клуботе е  легедната на велешкото борење Ангел Мицев - Скакарот. 

Бевме и во прва лига, испаѓавме во Втора,  имавме репрезентативци, државни прваци. Имавме успеси имавме падови, колку пари толку резулати. Тука се  Хаџи Арсов, Брчков, Џими. Велес беше домаќин на Државни пренства, на Македонскиот Бисер. 15 години во Велес немало борење и овој турнир го органзиравме да потсетиме дека постоиме.  Многу тешко опстојуваме имаме двесетина деца, нема интерес. Иако сме единствен клуб  кој на бара пари за членуање. Имаме пионери и кадети , затао и го  органзиравме  турниров да ги анимираме младите - рече Ангел Мицев.     

Златните години на овој спорт се во самостојна Македониај од 1990-та до 1998-ма. Тогаш за него настапуваа борачки имиња од  Штип, Пробиштип, Николов, Рунтев, Стојменов.

Ние сме еден од постарите клубови во градот.  На турнирот учествуваат седум екипи со 60 борачи, кои се натпреваруваа во пионерска и кадетска конкуренција. На луѓето кои  се внесоа во борењето, помогнаа во постоењето, им доделуваме благодарници - рече тренерот Игор Мицев. 

 На турнирот учествуваа екипите на Балканец од Штип, 7-  мај Леов од Прилеп,  Неготино од Неготино,   Спартак од Кочани,   Безбедност од Скопје  и Борец од Велес.       Спонзор на турнирот  беше велешка Маслодајна.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »