речник контакт

55-тите Рацинови средби ќе се одржат од 13 до 15 јуни

Се одбележуваат 110 години од раѓањето и 75 години од смртта на Коста Солев Рацин. Конституиран Организциониот одбор

Петар Печков

На денешната седница на Организациониот  одбор на Рациновите  средби, беше  одреден датумот  на одржување на оваа значајна културна манифестација. Таа ќе се одржи од 13 до 15 јуни.   Според најавите, програмата на манифестацијата во целост ќе биде утврдена на следната седница на одборот.  Неофицијално се враќа музичкиот портрет на  значајно име од  македонската сцена и годинава пред велешани во рамките на програмата се преговара да настапат Влатко Стефановски или Каролина Гочева.   

За обезбедувањето на квалитетни содржини ќе се грижат градоначалникот Аце Коцевски како претседател на Организацискиот одбор и членовите на одборот  проф. др. Кристина Николовска, поетеса, теоретичар и професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, проф. др. Људмил Спасов, професор на филолошкиот факултет и  претседател на Советот за македонски јазик при Владата на Република Македонија, доцент м-р Гоце Ристовски, професор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности „ЕСРА“,  и м-р Божидар Јовиќ, пензиониран филолог, член на клубот на писатели „Коста Солев Рацин“.

Како надворешни стручни соработници на Организацискиот одбор, за квалитетот на манифестацијата „Рацинови средби“ ќе придонесат и Марија Ѓоргиева Димова доцент на Филолошкиот факултет  и  м-р Сашо Димоски, член Советот за македонски јазик при Владата на Република  Македонија.

55-то издание на „Рациновите средби“ се одржува во годината кога се одбележуваат 110 години од раѓањето и 75 години од смртта на великанот на македонската поезија и литература Коста Солев Рацин. 

На седницата градоначалникот Коцевски потенцира  дека „Рациновите средби“ се една од трите најважни културни манифестации во државата и заслужува посебно внимание и достојно ниво на организација.  на претходната седница на Советот на општина Велес беше  донесена одлука  за престанок на важност на Одлуката за делегирање на дел од надлежностите  на Општина Велес во областа на културата за манифестацијата „Рацинови средби“. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »