речник контакт

6 месеци затвор за Благој Галевски

Директорот на АД Ветекс, сега претседател на УО Благој Галевски, доби условна казна затвор затоа што затајувал данок.

Петар Печков

Директорот на АД Ветекс, сега претседател на УО Благој Галевски, доби условна казна затвор затоа што затајувал данок. Судијата Илија Танев од Основниот суд во Велес, му изрече условна казна од 6 месеци затвор, доколку во наредните две години не направи никакво кривично дело. Галевски според кривичната пријава поднесена од УЈП се товараше дека во 2002 година при исплата на хранарина, патарина и К-15 пресметал помал износ на персоналниот данок од реалниот, со што ја оштетил државата за 540 илјади денари. Во доказната постапка ова беше потврдено, по што беше прогласен за виновен и му беше изречена условна казна затвор. Претходно во друго дело, АД Ветекс беше обврзано да им ја плати дивидендата на 91 акционер за две години кои се избркани од работа. Ова се однесува за 2000-тата и 2001-та за акционери кои подоцна биле избркани од работа. Во овие две години иако била прикажана добивка, акционерите не добиле дивиденда во висина од 36 милион денари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »