речник контакт

60 години од бродот Титов Велес

ТрМр со ексклузивни информации за товарниот брод кој го носел името на градот во периодот 1967-1981

Петар Печков

Во поранешната држава, СФР Југославија вообичаено било за дел од бродовите да се поставуваат имиња на поголемите градови од земјата. Така еден товарен брод го носел поранешното име на градот - Титов Велес. За информациите за бродот Трмр се обрати до сопственикот „Атлантик пловидба“ од Дубровник - Хрватска.

„Бродот е изграден во 1962-та година бродоградилиштето „Empresa Nacional Elcano3 во Валенсија - Шпанија. Бродот е новоградба под име „TERICA“, сопствеништво на  „United Levant Line Ltd. London“,  пловел под знамето на Велика Британија. Предаден е на користење во  јануари. Од 1967-ма година е во сопственост на Атлантска пловидба - Дубровник кога го добива името Титов Велес.  Во 1981-ва година е продаден на компанијата   „Pisco Shipping Co.Ltd. Gibraltar“, а плови под знамето на Велика Британија и името му е променето во  „HAIDER A“. Следната година 1982 е предаден на сечење на „Heygen“ во пристаништетот Гент -Белгија“ - соопшти Сања Путица од „Атлантска пловидба“ од Дубровник - Хрватска.  

Во писмената информација стои дека бродот „Титов Велес имал дозволена  регистарската тонажа од  3.078 тони (толкава тежина со сопствената можел да превезува) должина 85,44 м, широчина 13,13 и височина од 7,25 м. машината била марка „ Gotaverken“.

фото: Атлантска пловидба-Дубровник

текстот е заштитен со авторски права, секое преземање подлежи на законска заштита 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »