речник контакт

600 фазани летнаа во велешките ловишта

Oва е дел до обврската со која Л.Д. Руен ја доби концесијата за користење на ловиштата во велешко

Петар Печков

Членовите на ловното друштво ,,Руен ,, од Велес вчера  извршија населување на ситен дивеч во ловиштата, кои се под нивна концесија. На повеќе места, во еден ден беа пуштени 600 млади фазани, стари околу осум месеци, набавени од фазанерија Катланово. Претходно биле пуштени 150 со што е исполнета годинашнава обврска.

Ова е наша обврска со програмата за работа, која ја понудивме кога пред Министерството за земјоделие и шумарство, конкуриравме за концесија. И таа етапно ја исполнуваме, сега пуштивме млади фазани, тоа е што можеме во овој момент да набавиме, еребиците се многу поскапи. Овие терени, пет ловишта ги населуваме со фазани – рече  Ване Нанов секретар во Ловечкото здружение ,,Руен ,, Велес.

Наскоро ќе пуштат и 250 пајки по текот на реката Вардар во велешкиот ревир. Здружението брои 700 членови,со ловечка дозвола кои имаат можност да ловат ситен, крупен и пердувест дивеч. Тие имаат редовно гости од странство, оваа седмица се група Италијанци, кои  дома ќе си заминат со уловени  повеќе шљуки, птица која живее покрај реките  а за следната недела се најавени  група ловџии  Французи.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »