речник контакт

62 отсто гласачи од велешко гласале до 17 часот

Во Градско 67, Лозово 69,8 и Чашка 59,8 Информациите се од ОИК

Петар Печков

До 17 часот, според ОИК  излезноста во Општина Велес е   62 отсто од 46.389 запишани граѓани кои   гласаат на 83 гласачки места.  Вчера гласаа 216 болни изнемоштени лица. Во затворот во Велес гласаа 31 лице.  

Во Општина Лозово излезноста беше 69,8  од запишани 2704 лица кои гласат на  9 избирачки места.

Во Општина Градско излезноста беше  67  отсто од запишани 3.123 гласачи кои гласат на 11 избирачки места.

Во Општина Чашка излезноста до 17 часот според ОИК е 59,8   проценти од запишани 5.912 граѓани со право  на глас кои гласат на 27 избирачки места.  

Според граѓанската асоцијација ,,Мост, која со нејзини набљудувачи ги следи изборите, Избирачкото место 2210 во Велес, утрово било отворено десет минути подоцна, поради немање на електирчна енергија.  Оваа информација ја потврдија и од ОИК Велес.  

Утрово американскиот амбасадор Џес Бејли, посети избирачко место во Основен суд Велес, за лично да види како се одвива изборниот процес. Тој во текот на денот  посети повеќе градови во Македонија. 

Ова се деветти парламентарни избори во Македонија од нејзината самостојност. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »