речник контакт

7,5 годишната Нена се искачи на Солунска глава

Таа тргнува по стапките на нејиниот татко Тоше, кој ги освои највисоките врвови на Балканот и Европа

Петар Печков

Малата Нена Ѓоргиева вчера го освои врвот  Солунска глава,  висок 2540  метри. Ова и успеа со помош на нејзините родители Тоше и Оливера, кои заеднички се искачија на оваа височина.

Од планинарскиот дом Чеплес тргнале во 5,30 часот а на Солунска глава биле  по 3,5 часа одење, во 9 часот. При ова искачувања малата нена морала да се судри со силниот ветер,  кој вчера дувал на Јакупица а температурата на врвот била околу 10 над нулата. Нена Ѓоргиева претходно се има искачено  и на Шапка а ова и е прв врв повисок од 2,5  илјади  метри.

Така семејството Ѓоргиеви, нејзиниот татко кои ги има освоено највисоките врвови на Балканот и Европа, има наследник.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »