речник контакт

70 години од смртта на Димитрија Чуповски

Димитрија Чуповски е македонски национален деец и борец, силен заштитник и бранител на македонската национална самобитност и посебност, а по поделбата на Македонија во 1913 година, силно се залагал за нејзино обединување и конституирање како национална држава на македонскиот народ.

Петар Печков

По повод 70 годишнината од смртта на Димитрие Чуповски во салата Бели Мугри се одржа свечена академија на која пред малкумината присутни, за делото зборуваше академик Ристовски.  

Култот и делото на Чупоски сеуште е жив на овие простори. Тој беше погребан на гробиштата во црквата во центарот на Ленинград, каде лежат најистакнатите лица на Русија од подалечното и поблиско минато. Историската величина на Чупоски и по 70 години од смртта, сеуште не е продрена во свеста во современиот Македонец. Единственото училиште во земјава кое го носи неговото име е во Велес а во Скопје за него нема споменик – изјави Блаже Ристовски академик.

Димитрије Димов Чуповски  роден е на 18 ноември  1878 година како посмртче во селото Папрадиште. По смртта на татко му селото било опожарено а тој со останатите деца мајка им ги пренела во Крушево, каде го научил молерскиот занает.

Во  македонскиот 19-ти век  кога преродбата и македонското национално движење, Велес и велешко ги изнедрија најголемите синови кои ја пишуваа македонската историја. Заедничка и единствена им била љубовта кон Македонија, единствена, независна, обединета, слободна. Чуповски, политичар, дипломат, револуционер, интелектуалец, филолог се поклонуваме пред неговата идеја, да се избори на сигурна почва на која идните поколенија ќе растат слободна. Тој се избори за оружјето  со кое највешто можеше да се бори а тоа кај него беше зборот – изјави Горан Петров градоначалник на општина Велес.

Димитрија Чуповски е македонски национален деец и борец, силен заштитник и бранител на македонската национална самобитност и посебност, а по поделбата на Македонија во 1913 година, силно се залагал за нејзино обединување и конституирање како национална држава на македонскиот народ.

      

Чуповски е македонски општественик, револуционер, публицист, историчар, еден од најистакнатите и најдоследни афирматори на македонската национална мисла. Тој е најголемиот заштитник и бранител  на македонската национална самобитност. Неговата долгогодишна дејност е насочена кон независноста и националното осознавање и осамостојување, слобода и државност на Македонија - Горан Пановски градоначалник на општина Чашка.

 Чуповски е член-основач и претседател на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург (1902–1917), член-основач и претседател на Словеномакедонското национално-просветно друштво „Св. Кирил и Методиј“ (1912–1913), член-основач на Руско-македонското благотворно друштво „Св. Кирил и Методиј“ (1913–1914) и член-основач и претседател на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград (1917–1924), но и потпретседател на Друштвото за помош на почетниците литератори, артисти, уметници и научници на Русија (1915) и редовен член на Санкт-петербуршкото словенско благотворно друштво, на Друштвото за словенска заемност и на други руски асоцијации.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »