Петар Печков
Објавено: недела, 09 ноември 2014
Со положување цвеќе на Спомен костурницата од НОВ од страна делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Славчо Чадиев, на Сојузот на борци од НОАВМ Велес, АРМ, преставници од збратимените градови, како и делегации од институции, устаноци, јавни претпријатија, здржуенија на граѓани и политички партии, денес се одбележаа 70 години од ослободувањетона Велес.
Во четиригодишните борби за градот пред точно седум децении загинаа многу борци. Ним, на сите оние кои во вековите наназад загинаа за слободата на Велес и Македонија и на сите оние што се бореа за нашата независност во годините потоа, Општина Велес им изразува трајна благодарност и почит.
Секој 9-ти Ноември е нова страница, ново поглавје од историската читанка стара 23 века.
Tweet |