речник контакт

7-ми април 1941-ва, бомбардирањето на Велес

Пишаните документи се споменува дека во градот имало до 500 цивилни жртви, кои за жал никогаш и никаде не се официјално признати

Петар Печков

Германските продирања на територијата на Македонија биле проследени со  силни воздушни напади. Уште на 6 април 1941 година, Велес 13 пати бил надлетуван од германски авиони. Страв и паника се населиле во градот чии куќи биле изградени од плитар. Којник, Бузаана, Мегдан, Сармаале, Варналиите, железницата, мостот, центарот, ги потресле силни детонации веќе на 7 април утрото, кога бројни авиони, ексадрили германски авиони поголемиот дел од стариот  Велес го срамниле со земја.

Бомбардирањето започна во 7 часот наутро. Уште поспани, не разбуди злокобниот  звук. Штуките надлетуваа а ние бегавме. Живевевме на Мегдан и спас баравеме преку Вршник. Таму се креивме.  Многу народ загина, цели семејства за жал. Бевме деца, мајките не носеа в раце, се бараше спас за жива глава, некои не  го најдоа  - вели жителка  на Велес, која со семејството заминала  во селото Ораовец.

Иако бомбите паѓале околу мостовите, ниту еден не бил разрушен. Најмногу население настрадало околу Којник и Мегдан. Имало многу жртви и рушевини. Цели семејства го завршиле својот животен  пат во тоа априлско утро. Според одредени пишани документи Велес тој ден ималo до 50 жртви, што за жал  никаде не е заведено во историските документи, ниту пак има обележје за овие цивилни жртви на Втората Светска војна.  За рaзлика од жртвите  во Штип, Скопје... Следниот  ден 8-ми април Велес веќе бил освоен   од  германските  единици.

 Официјалната бројка на настрадани граѓани во велешко е 208, колку што се води во Спомен костурницата, каде тие имаат обележје. Таму ги нема жртвите од бомбардирањето.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »