речник контакт

8,5 тони храна за дивечот зимава фрлија од ЛД Руен

Прехранувањето е на ситниот и крупен дивеч како и на птиците на езеро Младост

Петар Печков

Ловното друштво ,,Руен,, од Велес зимава се грижеше за прехрана на дивечот на територијата кое тие  ја покриваат.  Во периодот кога падна високи снежни наноси , согласно законската обврска која ја имаат до добиената концесија го прехрануваа крупниот дивеч –срни, елени и диви свињи, како и ситниот дивеч – еребици и зајаци.   

Ова зимо фрливме  дробени, крш  3,5 илјади кг пченка, 2,5 илјади кг јачмен илјада кг пченица како  и  1,5 илјади  кг сено и детелина. Со тоа се задоволени потребите на дивечот  на десет ловишта кои се под наша концесија. Секојдневно беа прехранувани и птиците кои живеат на тогаш замрзнатото езеро Младост а истите се пуштени од наша страна  – изјавија од ЛД Руен. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »