речник контакт

80 години од раѓањето на Тихо Најдовски, обележано со издавaње нова книга

ПРОМОЦИЈА НА ПОСТХУМНО ИЗДАДЕНАТА КНИГА НА ТИХО НАЈДОВСКИ „ЖАРЕНКИ И ЖАЛЕНКИ“

Петар Печков

    Во организација на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и Општина Велес, во Ликовниот салон во Велес се промовираше постхумно издадената книга на бардот на велешката книжевна сцена - Тихо Најдовски.

По повод осумдесетгодишнината од неговото раѓање и промоцијата на најновата книга „Жаренки и жаленки“, за ликот и делото на Тихо Најдовски, говореа поетот и писател Бранко Цветковски и проф. Марија Ѓоргиева Димова.  Стихови и извадоци од новоиздадената книга читаше поетот и писател Игор Крајчев.

Пред бројната публика  се обрати и сопругата на Тихо, Павлина Најдовска која и беше иницијатор за издавањето на оваа книга. Во знак на постојаното пријателство меѓу Тихо Најдовски и децата, гости на промоцијата беа и учениците од основното музичко училиште „Стефан Гајдов“, кои ја збогатија промоцијата со прекрасни музички изведби

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »