речник контакт

886 велешки пензионери користеле банска рехабилитација за 4 години

Сите велешки пензионери заминуваат на банска рехабилитација во Катлановска бања

Петар Печков

И годинава нова група на велешки пензионери ќе заминат на климатско  банска рехабилитација. За неа лани аплицирале 1.100 пензионери а заминале  190 корисници. Во велешко има десет илјади пензионери, за сите четири години најчесто климатско банската рехабилитација се користи во Катлановска бања, додека можност има за рехабилитација и во Негорски бањи и Дебарски бањи . Досега таму заминале 886 корисници на пензија од општина Велес.

Ова услуга можат да ја користат сите пензионери, на старосна , на семејна, на инвалидска пензија, како и корисници кои користат дел до странска пензија а во согласност со склучен договор со тие земји.  Банската рехабилитација опфаќа шест полни пансиони, автобуски биле во двата правца до бањата,  еден задолжителен здравствен превоз, една банска терапија на ден. Тие пензионери кои не можат да заминат сами, потребна е придружба или нега можат да ја  носат, со соодветна документација до Центарот за социјална работа – изјави Славица Калајџиева раководител на ПЕ на  Фондот на ПИОМ за Велес.

За да можат пензионерите да аплицираат потребно е да поднесат барање и достават  чек за ноември месец лани,  а барањата се поднесуваат до 14 февруари. Лицата кои користеле банска рехабилитација изминатите четири години, немаат право да бидат корисници годинава.  Министерство за труд и социјална политика , петта година ја организира оваа  климатакса рехабилитација

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »